Фудбалерите на македонската репрезентација се пред можеби најголемиот предизвик во своите кариери, бидејќи ги очекува бараж за пласман на Светското првенство против репрезентацијата на Португалија. Ривалот е преполн со светски ѕвезди од најсилните лиги, но момците кои ги предводи Благоја Милевски покажаа и против Италија дека можат да се надигруваат со сите.
Роналдо:
„Изненадување се, изненадија на многу натпревари, но верувам дека нас утре нема да не изненадат. Португалија е подобра и одиме на Светско првенство“.
„Светско не е Светско без Португалија, тука нема индивидуалци, група сме, сите заедно“.
Трајковски:
Би сакал и Португалија да нѐ потцени како Италијанците. Сега сите видоа дека сме репрезентација која може да игра со сите селекции. Но, не верувам дека противникот ќе не потцени овој пат“, изјави Трајковски. Мислам дека Португалците имаат многу индивидуалци, имаат одлични фудбалери, мора добро да бидеме подготвени и пак да веруваме дека можеме и со нив да се носиме. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда, и затоа фудбалот е најубавиот спорт. Одиме во Португалија да го дадеме својот максимум и се надевам дека ќе одиме на Светско“.