KK „КОЖУВ“ ГО ПОБЕДИ КК „ЦРН ДРИМ“ ВО СТРУГА И ЌЕ ИГРА МАЈСТОРКА ВО „26 АПРИЛ“ ЗА ОПСТАНОК ВО ПРВАТА ЛИГА!
По изгубениот натпревар од „Црн Дрим“ во плеј аут серијата на домашен терен, кошаркарите на „Кожув“ сепак не се предаваат. Тие попладнево беа поуспешни на гостувањето во Струга и го добија натпреварот со 87-75. Така, останува во мајсторката, која ќе се одигра во сабота, во салата „26 Април“, гевгеличани да го добијат овој важен натпревар а со тоа да го обезбедат опстанокот во Првата кошаркарска лига. Натпреварот беше изедначен во првите три четвртини, а победникот беше решен во последната 4 четвртина, која 2Кожув“ ја доби со 18-11.
Најефикасни кај победникот беа Чампара со 23 поени, Пајиќ со 22 и Скот со 21 поен. Додека кај стружани Настовски постигна 18 а Пантиќ 17 поени.