КК „ГЕВГЕЛИЈА“ И ПО ПОСЛЕДНИОТ ПОРАЗ, НА ДЕЛБА НА ПРВОТО МЕСТО ВО ТРЕТАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Иако на последното гостување во Скопје, екипата на КК „Гевгелија“ загуби од тимот на КК „Водњански лисици“, тие сеуште се на делбата на првото место на табелата на Третата кошаркарска лига-Исток.

До крајот на натпреварувањето остануваат уште три кола, а не се сомневаме дека младите кошаркари од Гевгелија ќе бидат меѓу првопласираните четири екипи на истокот, кои потоа ќе вкрстат со четирипласираните екипи на западот, за влез во Втората кошаркарска лига.
 
Овие играчи, водени од страст и желба за успех, се подготвени да ги предизвикаат сите пред нив и да ги воодушеват домашните навивачите со своите вештини и тимски дух.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *