Иако, во деветтото коло играа со последно пласираната екипа на Истокот, КК „Ролинг 08“ во Струмица, гевгелиските кошаркари многу потешко одошто очекуваа, дојдоа до деветтата победа во деветтиот натпревар.
Причината, според тренерот Алексовски е тенденциозното судење на судијата од Струмица, кој „судеше на наша штета, судејќи некои проблематични лични на нашите најдобри играчи, за да во продолжението, ми досуди неоправдано исклучување поради мое барање да објасни зошто така суди“, истакнува Алексовски.
Сепак, и покрај сето тоа, и покрај големата негатива што ја имаа во текот на натпреварот, сепак младите гевгелиски кошаркари, најдоа доволно мотив и сила да дојдат до продолженија, и на крајот да го добијат натпреварот со 75-84.
Со оваа победа, гевгеличани остануваат на првото место со скор девет победи во девет кола, и доколку утре, сабота, 23 декември, во спортската сала „26 Април“ извојуваат победа над екипата на КК „Бутел“, ќе го завршат есенскиот дел од првенството како лидери во Третата кошаркарска лига-Исток.