КАТАСТРОФА ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА И ВО БРАТСКАТА ОПШТИНА ЈАБЛАНИЦА
Најмалку 20 луѓе загинаа до сега во катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, а уште многу се водат како исчезнати, потврдија од владата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК).Јабланица е една од најпогодените општини, бидејќи е погодена од катастрофа од невидени размери. Во овој град , кој е збратимен со Општина Гевгелија , загинати се 14 лица а повеќемина се водат за исчезнати. Градот е практично отсечен од остатокот од светот, а наскоро таму треба да пристигне и војската на Федерацијата Босна и Херцеговина да помогне. По тој повод градоначалникот Андон Сарамандов во порака до властите и на БИХ и на градот Јабланица изрази големо жалење, а воедно изрази и сочувство до „нашите браќа и сестри од збратимената општина Јабланица“, стои во пораката.