ТЕЛЕВИЗИЈА КАНАЛ 12 НА СИТЕ КАТОЛИЦИ, ПРОТЕСТАНТИИ ДЕЛ ОД ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ИМ ГО ЧЕСТИТА РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО – БОЖИК

Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија.

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната проповед.

– Драги браќа и сестри! Божиќ е. Со овој празник го славиме Христовото раѓање, овоплотувањето на Божјиот Син, кој, како што исповедаме во Верувањето, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото. И се овоплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек.” Тоа е христијанската вера. Ние веруваме дека овој настан е конечното откровение на Бога во историјата на спасението, кое никој и ништо не може да го надмине.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *