КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „АЈГА“ СО СВОЕТО МУЗИЦИРАЊЕ ЈА ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

По завршувањето на Свечената седница, пред присутните во Народниот театар, со пригодна програма настапи камерниот оркестар „Ајга“, кој, со својот настап измами бурни аплаузи кај публиката.
Камерниот оркестар „АЈГА“ е формиран во септември 2022 година. Во краткиот временски период од формирањето до денес, оркестарот реализира повеќе концерти под раководство на диригентите: Вернер Херцог, Борјан Цанев, Ана Спасовска, Виктор Митревски и други, изведувајќи дела од светската литература но и бројни дела од македонски композитори.
 
Досегашните изведби на Ајга предизвикаа бројни позитивни импресии и кај публиката и кај музичката критика. Музичката критика во досегашните настапи на камерниот оркестар „Ајга“ ја истакнува емоцијата на музичкиот израз и впечатливата интерпретација, која што „на површина ги извади аспектите на делата кои до сега не биле потенцирани на изведбите кои сме ги чуле“, деликатното чувство на музичарите „за креирање атмосфера на бои и потенцијалот да ја извадат есенцијата на музичкото дело на површината.
Пред гевгелиската публика тие се претставија во придружба на солистите Владимир Костов, виолина и Маја Чанаќевиќ, англиски рог.
 
Ајга ја воодушевија публиката со прекрасните изведби на музичките класици на Ј.С.Бах: Арија , В.А.Моцарт: Мала ноќна музика I став , Р.Шуман: Мечтаење, Ј.Фиала: Адаџо, Ф.Шуберт: Музички момент бр.3 , како и со делата на македонските современи композитори Љ.Константинов: ,,Враќањето од Пасквелија,,, Т.Скаловски: Залез и Д.Шуплевски: Капричо

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *