КАКО ТЕЧЕШЕ ПРОЕКТИРАЊЕТО И ИЗГРАДБАТА НА БРАНАТА КОНСКО ОД 2010 ДО 2024 ГОДИНА

Да потсетиме дека проектот Конска брана во фаза на подготовка беше завршен во периодот 2010-2015 година, во февруари 2015 година во Општина Гевгелија беше извршена јавна презентација и анкета на Студијата за оценка на влијанието на животната средина, а на крајот на 2016 година и беше издадено одобрение за градба на Конска брана на турскиот изведувач на работите, компанијата Адалихолдинг, една од најголемите компании во Турција со 50 годишно искуство во конструкција и градба на енергетски објект, избрана на меѓународен тендер.
 
Браната започна да се гради во 2018 година, а денеска, во март 2024 година заврши изградбата на оваа брана, која е дел од хидросистемот „Гевгелиско поле“со капацитет на акумулација од 21 милиони метри кубни вода , која навремено ќе обезбеди вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини.
Капиталниот проект, Брана Конско е најголема инвестиција во последните 50 години во Општина Гевгелија. Изградбата на хидросистемот Конско за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализација на нивната долгогодишна потреба и желба за навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, до плантажите и фармите, но и вода за полнење на Дојранското Езеро.
 
Освен за наводнување, водите од акумулацијата „Конско“ и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија, а ќе се отворат можности и за развој на планинскиот туризам. Проектот е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра.
 
Инаку, Браната Конско е брана од типот на каминонасипни брани со асфалтнобетонско јадро. Ваквото асфалтнобетонско јадро е составено од специјално проектиран асфалтбетон и се вградува со специјализирана опрема под будниот надзор на стручниот персонал. Овој тип на брани, како што ни изјавија од компанијата се во овој момент многу актуелни во светот, а Конска Брана ќе биде втора во Македонија изградена на ваков начин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *