КАКО ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ГО СПАСИЛА СЕЛОТО БОГОРОДИЦА ОД ЧУМА

Православната црква на 28-ми август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „УСПЕНИЕ“.
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето.
Населеното место Богородица, во Општина Гевгелија, е единственото место во Македонија кое го носи името на Пресветата Богородица.
Во ова место постои црквата Рождеството на Пресвета Богородица.
Црквата е сместена на самото сретсело. Првично била подигната во XIX век, но се наоѓала на друго место. Денешната црква е изградена во 1911 година од страна мијачкиот неимар Андон Китанов, а иконостасот бил изработен во 1935 година од неидентификуван зограф од Галичник.
 
Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.
Стефан Тановиќ, учител од Богородица, сведочи дека ова населено место името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух.
Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне , токму кога селаните вршеле, црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила.
Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Луѓето кои тргнале до тоа село со себе носеле поклон, една литургија. Таа не се вратила но им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее.
Тановиќ сведочи дека од тогаш селаните во Богородица веруваат дека нивното село не може да настрада од чума, зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *