КАКО ПОМИНАА ГЕВГЕЛИСКИТЕ КУЛТУРНИ УСТАНОВИ И ПОЕДИНЦИ НА ГОДИШНИОТ КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА 2024 ГОДИНА

Министерството за култура во четвртокот (8.2.2024 г.) на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.
Не навлегувајќи во критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена за проектите по одделни дејности, овој пат само ги нотираме установите и поединците од Општина Гевгелија кои добија финансиски средства за остварување на нивната активност за оваа, 2024 година.
 
НУ Музеј Гевгелија, на овој конкурс доби средства за следните проекти:
– Самостојна изложба „Сите лица на Кожуф“ на Димитар Новаков
-Преземање на изложбата од НУ „Национална галерија на РМ, „Јубилеј, 120 години од раѓањето на Томо Владимирски.
– Двојна изложба на скулптури на „Ателје Јанев“ од авторите Јордан Јанев и м-р Александар Јанев.
Музејот, исто така, доби финансиски средства и за тековно уредување на локалитетот „Вардарски рид“, истражувачки работи на локалитетот „Брдаров камен“, камко и за едукативната работилница за ученици „Почувствувај го минатото-сподели со сегашноста“
Воедно музејот од Гевгелија, преку Струмичкиот музеј доби средства и за Основен проект за конзервирање, санација и реставрација на фасадата на НУ Музеј-Гевгелија.
 
Здружениео на граѓани „Арт Еквилибриум“ доби средства за реализациа на проектот-„COMIC GLITCH“, прекугранична соработка на Гевгелија и Кукуш.
 
Перо Кованцалиев, уметник, доби финансиски средства за реализација на изложбата „За послушните“
 
Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе добие средства да го реализира својот проект „Македонско хорско творештво“.
 
Што се однесува до фолклорните активности, ансмблот „Бојмија“ доби средства за реализирање на два проекти- „20 години јубилеј на Ансамблот, како и за концертните активности во оваа година, додека КУД „Танец“ од Миравци исто така со средства од Министерството за култура, ќе ја организира традиционалната манифестација „Ѓура Мара“ и годишните свои активности.
 
Здружението на Власи од Гевгелија- „Мегленија-Ума“ ќе може да смета на финансиска поддршка за организирање на Националниот ден на Власите.
Инаку, во системот на Министерството зџа култура беа евидентирани 3132 пријави поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Македонија во согласност со закон.
 
Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година. Вреднувањето на проектите и на програмите беше извршено од страна на комисии составени од стручни и компетентни лица во конкретната област, со почитување на принципите на соодветна и правична застапеност и непостоењето на судир на интереси, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *