КАДЕТСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО РАКОМЕТ ЌЕ ПОДЕЛАТ ПРЕМИЈА ОД 700.000 ДЕНАРИ.
По враќањето од Летонија, каде го освоија првото место, Македонските кадетски репрезентативци во ракомет и стручниот штаб беа примени од раководството на РФМ.
Претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов и неговите соработници, откако ги поздравија сите и им честитаа за постигнатиот успех, им ветија дека младите ракометари ќе поделат премијата од 700.000 денари,
Кадетите со триумфот во финалето обезбедија место на младинското ЕП 2024 година и на кадетското СП 2023 година.Да потсетиме дека дел од оваа квалитетна кадетска репрезентација на Македонија беа и браќата Тодор и Димитар Узунчеви од Гевгелија, како и Антонио Николоски од Богданци,