ЈУБИЛЕЈНА 15. ТУРИСТИЧКО-ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Факултетот за туризам и бизнис логистика на УГД по јубилеен, 15. пат ќе ја одржи меѓународната Туристичко-гастрономската изложба за алтернативни форми за развој на туризмот.
Традиционално, настанот во организација на ФТБЛ е поддржан и од Локалната самоуправа од Гевгелија и хотелот „Аполонија“, во кој и ќе се одржи утре, четврток, на 13 јуни со почеток од 11,30 часот
Главна цел на изложбата е да го презентира културно-историското наследство од југоисточниот дел на Македонија. Изложбата е дело на студентите и професорите од овој факултет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *