ЈОВАНА ИВАНОВСКА ЈА ИМА НАЈУБАВАТА ФОТОГРАФИЈА НА КОНКУРСОТ „КОЖУФ ВО ЗИМА

„Планинарењето ми е прво хоби, а тоа ја повлекува и фотографијата, како второ мое хоби, затоа што едно со друго се преплетени. Природата ме мами со нејзината невројатна убавина која бара да биде пресликана, за да се долови и овековечи моментот“, ни изјави Јована кога и се јавивме да и честитаме на освоената награда.
 
Конкурсот „Кожуф во зима“ ги примаше фотографиите на учесниците од 21.12.2022 до 21.03.2023, додека самото гласање на Фејсбук-профилот на ПСК „Двете Уши траеше од 4 до 15 април 2023 година, точно на полноќ.
 
Победничката фотографија, која доби двојно повеќе лајкови од второпласираната, е дело на Ивановска, членка на овој гевгелиски планинарски клуб. Јована доби ваучер за спортска опрема во износ од 3.000 денари, кој ќе и биде доделен на изложбата која е планирана да биде одржана на 20 април, годинава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *