ЈОВАНА ДУПАРОВА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА НА ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“

Наставничкиот совет при ООМУ ,,Васо Карајанов” – Гевгелија ја прогласи ученичката ЈОВАНА ДУПАРОВА за ПРВЕНЕЦ на генерација за учебната 2023/24 година. Своето образование по пијано го заврши кај проф. Александар Лазаров.

Јована од најмала возраст покажува амбиции за доста сериозни програми каде во делата е потребна висока пијанистичка техника и истите премиерно ги изведува од постоењето на училиштето на годишните гала концерти како и класни јавни часови. Натпреварите не се одлика на нејзиниот карактер меѓутоа има освоено прва и трета награда на меѓународни натпревари.
 
Иако нема да го продолжи средното образование во музички правец, уверени сме дека ќе продолжи да музицира и да не почасти со некоја изведба во нејзин стил, велат од ООМУ „Васо Карајанов“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *