ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ТРАДИЦИОНАЛНАТА КУЛТУРА НА ГРАДОТ ШТИП“
Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ и соработка со НУ „Музеј“ од Гевгелија, во понеделник на 13 мај, со почеток од 20.00 часот, во уметничката галерија АМАМ ќе биде отворена изложбата на фотографии „ТРАДИЦИОНАЛНАТА КУЛТУРА НА ГРАДОТ ШТИП“ Се работи за проект на катедрата за етнокореологија на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и Универзитетскиот Ансамбл Македонија.
Во реализација на овој проект беа истражувани повеќе градски и селски семејства кои живеат во градот. Покрај професорскиот кадар од Универзитетот беа вклучени студенти од катедрата за етнокореологија, како и надворешни соработници и соговорници од градот Штип.