ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ И АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДДАЛЕЧЕНИ 500 МЕТРИ ОД УЧИЛИШТАТА

Со 55 гласови ЗА од вкупно 61 пратеник присутен во салат, денес, на 7 февруари 2024 година, Собранието на РМ го изгласа законот за игри на среќа и за забавните игри предложен од македонската Влада со европско знаменце.

Членовите на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно на протест пред законодавниот дом, го изразија својот револт од усвојувањето на законот. Побараа од претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, затоа што, како што велат, со него ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со овој закон би останале без работа.

Со овој закон се предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел, како што се вели во законот, заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.
 
Законот им дава рок од една година на обложувалниците и автомат клубовите да ги преселат деловните простории на најмалку 500 метри од училиштата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *