ИЗБУВНА ПОЖАР НАД БРАНАТА „ТОПЛИК“

Избувна пожар во ридските предели на Кожуф Планина, поточно над браната „Топлик“. Од ТППЕ- Гевгелија известуваат дека по пријавувањето на пожарот, веднаш се преземени мерки и е испратена екипа за гаснење на иститот.
– Екипите се уште се на терен, но поради ветрот, пожарот се уште е активен и се шират огнените јазици, информираше командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
– Не е утврдена причината за избувнување на пожарот, но, најверојатно, станува збор за човечки фактор.
Бидејќи започна сезоната на пожари, Општина Гевгелија уште еднаш упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или чад, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *