ИЗБРАНА НОВАТА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

По дводневно собраниско заседание, на 22 и 23 јуни 2024 година е избрана новата влада на Македонија, со мандат од четири година, која произлезе од резултатите на парламентарните избори, одржани на 8 мај годинава. Владата е дваесетта по ред од осамостојувањето на државата, а премиерот е тринаесетти по ред.
Пратениците со 77 гласа „за“ и 22 „против“ синоќа (23 јуни) ја изгласаа новата Влада на Република Македонија, предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Со Мицкоски на премиерската позиција, во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *