ИВАНА ГРУЈИЌ ТРЕТОНАГРАДЕНА НА ИНСТАГРАМ КОНКУРСОТ ЗА ФОТОГРАФИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИ НА ТЕМА #НАШИ СВЕТОВИ:

„НА ОВОЈ КОНКУРС ДОБИВ МОЖНОСТ ДА ЈА ПОКАЖАМ СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ“
Ивана Грујиќ, ученичка во прва година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја доби третата награда и ракотворби од „ЕСНАФ“ во вредност од 1.000 денари за фотографијата „Виножито“на инстаграм-предизвикот за средношколци што го организираше Институтот за етнологија и атнропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На повикот пристигнале околу 150 фотографи од средни училишта и гимназии од цела Македонија.
За својата љубов кон фотографијата еве што ни изјави Ивана:
„Многу сум среќна од тоа што ја добив оваа награда. Уште од мала возраст како што ме интересираше сликањето, сакав и да фотографирам. Кога слушнав за овој натпревар, конечно добив можност да ја покажам својата креативност во фотографирањето, веднаш испратив фотографија и еве стигна и оваа награда“
Инаку, по повод 17.февруари, Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ организираше Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.
Како изгледа секојдневието на младата генерација и на луѓето кои ги опкружуваат? Учесниците ги регистрираа моментите на солидарност и пријателство, но и на нешта кои заслужуваат критика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *