ИВАНА ЧОЧКОВА ГЕЛОВА Е НОВА РАКОВОДИТЕЛКА НА ПОДРАЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Ивана Чочкова Гелова е нова раководителка на Подрачното одделение на МЗШВ во Гевгелија. Таа е родена во Гевгелија на 23 јуни 1987 година, сопруга е и мајка на две деца.
Средно образование завршува во родниот град, а во учебната 2005/2006 година се запишува на Факултетот за земјоделски науки и храна, насока заштита на растенијата при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во 2011 година при што се стекнува со звање дипломиран земјоделски инженер-Агроном.
 
Веднаш по дипломирањето Чочкова Гелова волонтира во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до 2015 година и истата година добива решение за работа на неопределено време.
Таа е член на Општинската комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди од 2015 година па се до денес.
По 13 години работно искуство, Чочкова Гелова добива овластување и станува нова раководителка на Подрачното одделение на МЗШВ во Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *