ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ: ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД

Од 29 јули до 4 август во Институтот за јавно здравје тестирани се 342 материјали за ковид 19 и регистрирани се 116 нови позитивни случаи. Споредено со неделата пред тоа, направени се за 30 проценти повеќе тестирања а бројот на позитивни резултати пораснал за 48,7 проценти, односно од 78 пораснал на 116 позитивни резултати.
 
Процентот на позитивност се движи од 17,6 проценти до 43,8 проценти, просечно 32,3 проценти. Регистрирани се заболени лица во општините од 7 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје каде има 61 заразени, а највисоката инциденца е регистрирана во Кавадарци и изнесува 58,2 на 100 илјади жители.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години, односно 32 лица. Со статус оздравени се стекнале 77 лица. Не се пријавени починати лица.

„Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања, а при појава на симптоми, јавување на матичен лекар или инфектолог за дијагностика и третман на заболувањето“, велат од Институтот за јавно здравје.
За лицата со придружни болести се препорачува да не остануваат во затворени простории со голем број на луѓе, просториите често да се проветруваат и да се носи маска.
Интересот за вакцинација во Македонија е мал, но Министерството за здравство во септември ќе добие нова пратка вакцини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *