ИНФО ДЕН ВО МИРАВЦИ НА ТЕМА „РАК НА ДОЈКА – СКРИНИНГ И РАНА ДЕТЕКЦИЈА.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, во рамките на проектот HEALTH – INFO
(Унифициран информационен систем за размена на информации помеѓу примарни здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи), денеска реализираше Инфо ден на тема: „Рак на дојка- скрининг и рана детекција во Миравци. На настанот пред присутните беа претставени резултатите од проектот, со посебен осврт на досегашниот скрининг на дојка кај женската популација.
Во воведното обраќање, менаџерот на овој проект Ристо Атанасовски накратко даде резиме за проектот кој го финансира Европската Унија, преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција
Главната цел на проектот е: информирање и подигање на свеста за вистинските димензии на ракот на дојката како болест, истакнување на ризик-фактори кои коинцидираат со појавата на болеста и превенција од истите, истакнување на значењето на раното откривање на промени кои би можеле да преминат во рак на дојка, значењето на мамографијата во откривањето на патолошки промени во рана фаза со цел нивно следење или потреба од одреден третман, можност за вклучување на поголем дел од населението, посебно во руралните места во проектот, бесплатни прегледи за сите жени на кои истите им се потребни.
По излагањето на Атанасовски, следеше презентација на темата „Рак на дојка- скрининг и рана детекција“ од страна на Билјана Демерџиева, дипломирана медицинска сестра, вработена во ЈЗУ Општа болница- Гевгелија. Д-р Нако Поп-Ристов даде информација за досегашниот спроведен скрининг на дојка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *