Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

БЕНИ И „НОН СТОП“- ГЕВГЕЛИЧАНИ, ДОЈДЕТЕ ВО „ДЕ ФАКТО“ ДА УЖИВАМЕ ВО РОКЕНРОЛОТ И ПОЗИТИВНИТЕ ВИБРАЦИИ

Нема да ти е прв пат да си во Гевгелија, македонскиот Лас Вегас. Што мислиш каква публика се гевгеличани, каков град е Гевгелија? Во Гевгелија не сум свирел толку често како во некои други градови низ Македонија, но во изминативе 15 години имам бар едно десетина пати настапувано и добив впечаток дека Гевгелија е малку порастеретен град за разлика од останатите македонски градови. Не можеш баш да им се наметнеш на гевгеличани туку така туку мораш да поседуваш некој квалитет кои тие го препознаваат и ако поминеш еднаш тогаш си положил испит и одма е се полесно. А,Гевгелија ми е уште подрага затоа што имам одлична релација со Ацо и Коце Зијан и драги ми се како постари колеги и се изузетно питоми, добри и талентирани луѓе од кои може да се научи доста. Се разбира они ми се некаков репер за гевгеличани, а за јагнешкото од Мрзенци и не сакам да дискутирам. 1. Често ја свирите „Пушти коси“ на Зијан, влезе и во твојата „Лектира“, зошто повеќе не се прават такви песни, чест на исклучоците? Пушти коси можам слободно да ја наречам македонска музичка лична карта и со задоволство ретко ја испуштам од репертоар, звучи неверојатно јужњачки и тотално различно од целата македонска рокенрол школа а сето тоа е благодарение на јужњачкиот темперамент и музички сенс кои ги одликува Зијан. А зашто нема повеќе такви песни, веројатно ќе треба да направиме подлабока анализа која пак ке не доведе до кризата која со години владее со македонската забавна музика и ја прави бледа и досадна која долги години е токму таква. Се чини главниот печат го изгубивме пред доста години кога турбо фолкот поклопи цела една генерација и со сета своја глупост и сељачизам ја уништи старата добра македонска идеја за правење добра музика. Ќе треба многу години за да се вратиме во стариот колосек, сепак ниту медиумите ниту атмосферата не се наклонети така да она што сега го имаме како нова музика во Македонија е бледо, наивно, сувопарно и затоа турбото не тепа 100-0. Од каде соработката со Ориѓански, и по скоро 20 години од Без мудрости и Макфест да снимиш етно албум? Албумот има етно елементи но сепак повеке ми спаѓа во онаа класа на World music, а зашто го направив тоа затоа што е добро понекогаш да експериментираш во музиката и да видиш дали можеби ќе изненади тоа нешто ново. Добро е што во случајот со Златко Ориѓански се покажа како добар потег барем според реакцијата на јавноста и воопшто не жалам поради тој потег. Може да ти се свиѓа или не е вкус и право на слободниот слушател но секако е добро да имаме наша музика која можеме да ја оставиме зад себе. Остануваш рокер во душа и не се продаваш како што во една песна пее Дадо Топиќ. Кога да очекуваме нешто ново рокерсо од тебе и другарите од групата Нон Стоп? Тоа со продавањето на рокенролот ми е некако претерана фраза затоа што никој не полага ексклузивно право на тоа, така да рокенролот за мене е многу повеќе филозофија на живеење одколку музички правец и е некако брана против турбо фолкот и сељачкиот пристап во музиката. Можеби рокенролот не е во моментот нај ин музика во светот но јас сега да се менувам е малку доцна а и не сакам затоа што сосема ми е добро во сопствената кожа. Многу бргу ќе излеземе со нова нумера која нема да отскокнува од она што до сега сме го правеле така да ние ќе си тераме по свое а кој сака нека слуша а кој не, секако е негов избор што е добро. Гаранција сте за добра рок журка, ќе биде ли така и во сабота во Де Факто? Му се радуваме на настапот во Де факто затоа што тоа е добар клуб и има добар и широкм стејџ и едвај чекам да се сретнам очи во очи со гевгеличани и заедно да уживаме и да го славиме рокенролот и позитивната вибрација. Поздрав до Гевгелија, се гледаме и слушаме во сабота во Де факто.
Read 51 times