Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ИГОР УЗУНОВ-ОЧЕКУВАМ МОЈАТА ПЕСНА ОД „МАКФЕСТ“ ДА СТАНЕ ХИТ

На 34. издание на „Макфест“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври 2019, во Штип, ќе бидат изведени 30 композиции. Меѓу изведувачите, во првата полуфинална вечер ќе биде и нашиот Игор Узунов. Во разговор за ТВ Нова 12, пред настапот во Штип, Игор ни изјави: „Не сакам да звучам помалку самобендисано, но, имам песна во која верувам и за која сум сигурен дека ќе остане да се слуша долго после фестивалот. „Ранет херој“ е песна-балада која сум сигурен дека ќе остави белег на „Макфест 2019“, затоа што се работи за моќна песна со силен текст, која ќе допре до сите ранети, вљубени срца. Текстот е на Ангел Петики, музиката ја компонираше Филип Неделковски а аранжер е Петар Василев. “ Во финалето ќе влезат 20 композиции, а организаторорите посочија дека можеби ќе има простор за уште две композиции. Организатор на фестивалот е Општина Штип, со поддршка од Министерството за култура. И годинава директниот ТВ пренос од сите три вечери ќе врши МРТВ.
Read 178 times