Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ГРАМОФОНСКИТЕ ПЛОЧИ СЕ ПОВТОРНО ВО МОДА

Ако имате грамофон во подрум, може да го подготвите за музика зашто плочите се враќаат на голема врата. Тоа не го кажуваат само пасионираните приврзаници на винилот и колекционерите, за кои тие никогаш не ни излегле од мода, туку го потврдува и статистиката. Продажбата расте во последните пет-шест години во светот и годинава првпат од 1986 има повеќе продадени грамофонски плочи отколку продадени цедиња. Во првите шест месеци од 2019 приходите од винил пораснале за 12,9 проценти, а приходите од компакт-дискови стагнирале. Со „воскреснувањето“ на плочите, тренд во светот е и реобјавување албуми на класичните рок-групи, а најпродавани се плочите на „Битлси“. Во светот има неверојатно враќање на винилот и се чека по четири-пет месеци за печатење плоча. Затоа што некаде од средината на 1980-тите не е направена нова преса за плочи. За популаризација на винилот придонесоа и евтините грамофони што во последните години се појавија на пазарот. Тоа ги сврти многу луѓе, зашто грамофон, игла и целата опрема да се купи беше скап спорт. Сега ги има и за 4.000 до 5.000 денари сосе звучници, ги има дури и на батерии
Read 109 times