Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

НАЈБАРАНИТЕ МАК ДИЏЕИ ГАЛОСКИ И НИКИФОР ОВАА САБОТА ВО „ДЕ ФАКТО“

Викендов што претстои Гевгелија ја очекува уште едно вистинско незаборавно музичко доживување. Најбараните македонски диџеи ГАЛОСКИ и НИКИФОР оваа сабота на вашиот омилен подиум во ДЕ ФАКТО – Гевгелија. ГАЛОСКИ е дечкото кој последниве неколку години навистина ги руши сите граници, со огромна поддршка од најголемите светски диџејски имиња како Дејвид Гета, Димитри Вегас и Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Фед Ле Гранд и други, само последниве две години имаше настапи во повеќе од 40 земји ширум светот. Годинава беше и најавен како “македонскиот гениј” од страна на еден од најголемите фестивали во Европа – Exit Festival. НИКИФОР е познат по радио емисијата “Ноќни Патеки” која се емитува на Antenna5 Radio Network Macedonia, а може да се каже и еден од најпопуларните диџеи во земјава веќе деценија наназад. Сетот на Никифор е препознатлив по промовирање и ширење на најмодерните звуци од Deep House, House, Techno и Tech House музиката. Никифор често може да го видиме како настапува рамо до рамо со најдобрите диџеи од неговиот жанр ширум Балканот.
Read 292 times