Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА НА ГИТАРИСТОТ МАРКО ЦВЕТКОВСКИ

Утре, петок, 13 септември со почеток од 20 часот, во малата сала на Народниот театар во Гевгелија, концерт ќе одржи младиот музичар од Куманово, Марко Цветковски. Роден 1995-та, тој со гитарата се запознава од рана возраст, а посериозно во светот на класичната музика навлегува со започнувањето на музичкото образование во Скопје. Марко, инструментот го засакал слушајќи го како дете својот вујко, познатиот македонски фламенко-гитарист Томислав Нешковски, за да потем во основното музичко училиште комплетно и се предаде на идејата еден ден да стане класичен-гитарист. Вели дека е длабоко свесен за трудот што треба да го вложи за во иднина да стане солист или концерт мајстор. Моментално е студент на универзитетот Св. Кирил и Методиј, во класата на проф. Дарко Багески. Има посетувано летни и зимски школи за класична гитара а има учествувано и на гитарски работилници кај: Стефан Шмит, Кујхее Парк, Дејл Каванах, Карло Маркионе и др. Пред гевгелиската публика, тој ќе се претстави со дела од Доленд, Бах, Мерц, Броер и Албениц.
Read 121 times