Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

КОГА ТОЈ ПЕЕ, КОЖАТА ВИ СЕ ЕЖИ, А НЕГОВИОТ ГЛАС ВЕ ГАЛИ, ВЕ РАСПЛАКУВА, ВЕ РАСПОЛОЖУВА

Ова лето во Гевгелија ќе се памти дефинитивно и по настапот во „Де Факто“ во сабота на 14 септември на еден од најдобрите македонски пејачи на забавната музичка сцена. Присутен е повеќе од десет години на македонската поп сцена. Преку шоу за млади таленти почна да го трасира својот пат кон македонското музичко небо, а денес со многу отпеани хитови од неговиот препознатлив глас, тој стана еден од најдобрите наши пејачи на забавната музичка сцена. Можеби веќе погодувате… Да, станува збор за Влатко Лозаноски. Момчето кое има три студиски албуми, награди на над 20 фестивали во земјата и странство, многу успешни хитови-Сонце не ме грее, Мандарина, Ова лето ќе се памти, Јако,јако, Километри, Жена како ти, Мајко, оваа сабота гостува во Гевгелија, во „Де Факто“ Вообичаено за крајот на летната сезона, како шлаг на торта, Де Факто го најавува големиот Концерт на единствениот Влатко Лозаноски!!! Бидете дел од незаборавната атмосфера. Влатко во Де Факто, Ќе биде многу јако, јако, Со песните на Влатко!!!
Read 356 times