Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ПРЕД 25 ГОДИНИ МИЛЧО МАНЧЕВСКИ СО „ПРЕД ДОЖДОТ“ ГО ОСВОИ „ЗЛАТНИОТ ЛАВ“

„Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен“. Најуспешниот македонски филм на сите времиња е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште 4 номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар (Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје) во 1995 година. Филмот од Македонија, која во тоа време беше млада, непозната држава, потоа играше во над 50 земји и го прочу нејзиното име во светот. „Кога го снимив ’Пред дождот’ во 1993, вели Манчевски, веќе подолго време живеев во Њујорк. Се вратив со филм кој беше финансиран во Лондон и Париз, и бев збунет од промените во Македонија. Кога го примија филмот во Венеција во 1994, од фестивалот ми пишаа и бараа опис на тоа како изгледа македонското знаме, оти фестивалот немаше никакви информации. Кога го кренаа нашето знаме на Лидо, видов дека е за 3/4 помало од другите“, вели Манчевски. Моите филмови се од Македонија, ама не се за Македонија, или барем не е тоа главната цел. Тие се бават со човечки маки, радости, чувства и прашања што ги мачат луѓето насекае во светот. Трите делови „Зборови“, „Лица“ и „Слики“ се поврзани во хармонична филмска нарација, а преовладува една од секојдневните и вечните теми на Балканот, секогаш подеднакво болна и актуелна, разработена на начин како што само Милчо умее да ја раскаже и режира. Главните улоги ги оживуваат Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Лабина Митевска, Грегоар Колен. Дел од филмските сцени се снимени во Мариово, а дел во Охрид. Одличната кинематографија и фотографија го прават уште помагично целото филмско доживување, а „Њујорк Тајмс“ го вбројува „Пред дождот“ во 1000 најдобри филмови во историјата. Филмот е дел од програмата на стотици универзитети ширум светот, а во Италија претставува дел од задолжителната наставна програма во средните училишта. „Пред дождот“ е апсолутно маестрален филм кој секое одново гледање го прави ново возбудливо искуство и поинакво доживување. И секако, слушнете ја магичната музика на групата Анастасија која совршено ја исполни тишината во „Пред дождот“:
Read 184 times