Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

„ХАРИ МАТА ХАРИ“ : РЕЦЕПТОТ ЗА ДОБАР ХИТ Е ИСТ КАКО РЕЦЕПТОТ ЗА УБАВО СЛАТКО ОД СМОКВИ

Го искористивме неколкучасовното присуство на членовите на босанскохерцеговската група „Хари Мата Хари“ во Гевгелија, на манифестацијата „Смоквијада 2019“ да поразговараме со водачот, а воедно и заштитниот знак на овој мегапопуларен бенд Хајрудин Хари Варешановиќ. Поради тоа што групата пристигна во Гевгелија на самиот ден од концертот а си замина веднаш по него, густата агенда ми дозволи да направам само краток кафе муабет со Хари Варешановиќ, додека тој го пиеше своето еспресо пред концертот. Хари Мата Хари се 4 децении активно присутни на музичката сцена, имаат издадено 15 албуми и продадено над 5 милиони носачи на звук и се една од најпопуларните поп групи од некогашна Југославија . На почетокот тој ни кажа дека „Хари Мата Хари“ се формирале 1979 година како бенд концепт, но по растурањето на некогашна Југославија, тој продолжил соло да го турка сега, како што вели проект брендот кој го носи неговото име „Хари Мата Хари“. Единствена константа сите овие четириесет години е самиот тој и неговиот верен соработник, тапанарот Изо. Со ист жар го „одработуваме“, вели Хари секој концерт, па така ќе биде и со овој во Гевгелија, бидејќи, како што ни рече, секогаш сакаме да ја испочитуваме публиката, во секој град каде настапуваме. Во тоа се увери подоцна и триилјадната публика која го преполни ракометното игралиште во Гевгелија. Беше тоа полн погодок, според многумина на организаторите на Смоквијадата, здружението на граѓани „Тера“ од Гевгелија. Додека го испива кафето одговара на моето прашање дали, доколку сега би бил на почеток на својата кариера, би променил нешто во овие 40 години. Секако, вели Хари, тоа е еден долг период, сум поминувал низ многу убави и неубави моменти, и нормално нешто би изменил, нешто би направил поинаку, како во музичката кариера, така и во животот. Бидејќи настапуваше на една манифестација во која главна улога има смоквата, моето следно прашање беше кое му е омиленото овошје. Едно од омилените овошја навистина ми е смоквата и слаткото од смокви, но сепак на прво место ми се портокалите, бидејќи, не можам да заборавам дека мојот татко, токму однесол портокали на мојата мајка, една студена зимска јануарска ноќ во 1961 година, кога јас сум дошол на овој свет. Му ја кажувам приказната дека старите гевгеличанки ги дочекувале своите гости во домовите со слатко од смокви и чаша вода, но никако не го кажувале рецептот како се вари највкусното слатко од зрели смокви. Само велеле дека за да биде слаткото добро, потребно е да се погодат сите состојки во него и, што е најважно, слаткото ставено во тавата на пирустијата, да се вари со многу љубов и „убави“ муабети. Го прашав Хари, дали можеби рецептот за добар хит е сличен на овој за варењето слатко. Хари се насмеа, испива малку од водата и вели, па да, имаш право, и во варењето слатко и во правењето добар хит, треба да има малку хемија, многу емоции, добар текст и сето тоа, музиката, текстот, аранжманот и изведбата, да се прават со многу љубов. Е, така се прави добар хит кој ќе биде вкусен, за слушателот како слаткото од зрели смокви. Начинот на кој јас ја правам песната, продолжува Хари, е секогаш ист, прво ја правам музиката, па текстот. Го прашувам за тоа како настана „Лејла“, она безвременска песна на Жељко Јоксимовиќ. Раѓањето на таа песна имаше долг процес, многу работевме со целата екипа на дотерување на секој елемент од песната, за да на крајот, како една тајна состојка внесам во неа малку босански севдах, и така се роди „Лејла која на ЕВрсонг 2006 година беше трета. Ерик Клептон си има своја Лејла, З.З Топ исто така, Сеид Мемиќ Вајта ја опеа на еден свој албум, а јас, благодарејќи на музиката на Јоксимовиќ и текстописецот Пецикоза, до крајот на живототи јас ќе си ја имам „мојата“ Лејла. Инаку, да ви кажам дека тоа е името на сопругата на текстописецот Пецикоза. Го запрашав дали слуша музика и каква. Варешановиќ одговара дека некогаш музиката била забава, а дека сега се такви времиња што многу работи, па и музиката станаа само бизнис, начин да се заработат пари. Љубовта и емоциите се тргнати на страна, па затоа , во слободно време тој слуша евергрини, како странски, така и домашни. Омилени му се Дип Парпл со „Војникот на среќата“, Лед Цепелин со „Скалилата до рајот“, Квин со „Љубовта на мојот живот“, Мишо Ковач со „Остана секогаш иста“ и „Бијело Дугме“ со „Како лошо вино“. Хари Варешановиќ, меѓутоа е се само не како лошо вино. Длабоко навлезен во шестта деценија од животот тој е како старо добро вино. Сеуште твори, пред три години излезе неговиот последен албум „Ќилим“, и, додека правеше муабет со нас, се потсети дека време му е да почне да работи на новиот албум на „Хари Мата Хари“ Тука, кафето беше испиено, неговите колеги тргнаа кон лифтот на хотелот за да заминат на ракометното игралиште, каде ги чекаше располоќената публика. Срдечно се поздравивме со брендот „Хари Мата Хари“ и му посакавме и во иднина да пишува толку убави „обични“ љубовни песни на задово
Read 153 times