Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ПЕТТА ПО РЕД „ГИТАРИЈАДА 100ЈАКОВО ФЕСТ 2019“

На 30-ти и 31-ви август (петок и сабота) во центарот на Стојаково, по петти пат ќе се оддржи „Гитаријада 100јаково фест 2019“, која повторно ќе ги собере на едно место љубителите на рок-музиката од ова населено место но и од пошироката околина Во петок, на 30 август на оваа рок средба ќе настапат : Dance group „Diva“ – Гевгелија, „Kolace Band“ – Стојаково, „Ние запирка другарите“ – Битола, и „Bad Obsession“ – Валандово. Во сабота, на 31 август, пред рок вљубениците ќе настапат групите: „Double trouble“ – Велес, „Hot line Band“ – Скопје, „Eruption“ – Битола и соло изведба (локално). Почетокот на рок концертите и двете вечери е од 21 часот. Освен што има натпреварувачки карактер, таа и ги спојува луѓето од различни генерации, преку звуците на рок-музиката. Гитаријада Стојаково за првпат почна да се организира во 2014 година во август месец.Гитаријадата е настан за докажување на музичките способности на музичките бендови кои настапувајќи на оваа манифестација се обидуваат да допрат до срцата на посетителите.
Read 183 times