Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

50 ГОДИНИ ОД КУЛТНИОТ ФЕСТИВАЛ „ВУДСТОК“

На денешен ден пред 50 години кај гратчето Бетел во американската сојузна држава Њујорк беше отворен рок-фестивалот Вудсток, што траеше три дена, а обележа цела една генерација во САД. Фестивалот се одржа во август 1969 година кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам. По учеството во успешната организација на Поп-фестивалот во Мајами, кон крајот на 1968 година, младиот менаџер Мајкл Ланг, заедно со тројца свои соработници – Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфилд, се нафатија да направат нешто поинакво, но коешто ќе биде гласен протест против војната меѓу САД и Виетнам. Организаторите ги контактирале најпопуларните пејачи и групи од тоа време, но не сите прифатиле. Меѓу позвучните кои откажале се вбројуваат „Дорс“, Боб Дилан, „Џетро тул“… „Битлси“ не биле земени предвид оти веќе три години не практикувале настапи во живо, а пак, „Ролинг стоунс“ и „Лед цепелин“ веќе имале закажани други настапи кои не сакале да ги коцкаат. Но и покрај сѐ, Вудсток бил повеќе од успешен. На фестивалот се очекувало да дојдат 50.000 посетители, но присуствувале над 400.000 луѓе, што и го направи овој настан така легендарен. Организаторите најавија јубилејно второ издание што требаше да се одржи неделава, но како што самите истакнаа – поради „непредвидени пречки“, тоа беше откажано. Но, затоа има многу други начини да се прослави годишнина од култниот фестивал. Оние што сакаат да се вратат повторно тој викенд во 1969 година, тоа може да го направат преку филаделфиското радио WXPN 88.5 кое од 15ти до 18ти август ќе емитува снимка од фестивалот, од почеток до крај, со настапите на сите 32 артисти. Фестивалот ќе може да се слуша онлајн на WXPN website.
Read 110 times