Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА-ВИНИЛИ“ НА ТОШЕ ФИЛИПОВСКИ

Музичкиот новинар Тоше Филиповски, синоќа, во паркот зад Младинскиот културен центар во Скопје го промовираше своето ново капитално издание, монографијата „Македонска дискографија-винили (1958-2019)“.Тој,овојпат фокусот го става само на винил изданијата што ги имаат објавено македонските музичари и групи. Иако во книгата на 480 страници се претставени дури 333 винилни изданија објавени во овој период, како и во случајот со „Македонската рок енциклопедија“, ова е само прв том од оваа колекција. Оваа монографијата на Филиповски на 480 страници ни открива еден непобитен факт, а тоа е сознанието дека иако Македонија беше единствена во поранешна Југославија кадешто не се печатеа плочи, бројот на издадени винили во периодот од 1958 до 2019, не е за потценување. „Во Македонија сега се снима повеќе од кога било. Лани беа издадени 30-ина плочи, најмногу во една година од 1958, а досега оваа година веќе ги има преку десет и само јас спремам уште три“, вели Филиповски, најавувајќи и нови книги.
Read 55 times