Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ФИЛИП ХАЏИКОЈЧЕВ ДОКАЖА ДЕКА Е ВОЗМОЖНО ОДЛИЧНО ДА СЕ ПРЕРАБОТИ ТЕМАТА „НЕВОЗМОЖНО“ НА ЏЕЈМС АРТУР

Гевгеличанецот Филип Хаџикојчев, кој од неодамна почна да ја гради својата пејачка кариера, пошироката македонска публика имаше можност да го запознае како учесник на првата сезона на македонското шоу „Ѕвезда број 1“.Тогаш, на првата гала вечер на ова шоу, тој настапи со темата на Coldplay „Hymn for the weekend“, и иако не се пласираше во натамошните вечери, тоа, младиот и перспективен гевгеличанец не го обесхрабри. Се реши, како што тоа го правеле и многумина познати пејачи, да ја преработи фантастичната тема „Impossible“ и да ја понуди на македонската музичка јавност. За неговата одлична изведба на оваа тема, Филип доби поддршка од битолската продукција „Мјау-дакшн“ (MeowDuction Production) и тоа се покажа како одличен потег. Останува да му посакаме на Филип и понатаму да си ја гради својата музичка кариера и, зошто да не, во иднина да ни се претстави и со некоја оригинална тема, негова или на некој друг македонски композитор.Неговото видео може да го погледнете на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=Ub-AD-svTrw&fbclid=IwAR3K0uTluFRaeySwmkZaOsR1KkwXdoUYEtrCY-09VK-PMegUlkTXwgRFN_s.
Read 988 times Last modified on Thursday, 25 July 2019 12:51