Print this page

ДАЛИ СТРAДАТЕ ОД НОМОФОБИЈА ?

Стравот дека ќе бидете без сигнал или батерија на мобилниот телефон кога најмногу ви е потребен и не очекувате се заеднички симптоми за номофобија – состојба на претерана грижа за мобилниот телефон што најчесто се манифестира со проблеми со дишењето, треперење и морници. Терминот номофобија доаѓа од англиските зборови „no mobile phobia“ и, иако сè уште не е официјално прифатена како болест, во Англија се проценува дека веќе околу 13 милиони Британци боледуваат од ова психичко нарушување. Според психолозите, лицата кои страдаат од номофобија не можат да прифатат мобилниот да не им биде на дофат на рака или да останат без батерија и покажуваат симптоми, како што се вртоглавица, тешко дишење и неможност за комуникација, нервоза и паника. Полнач за мобилен телефон, слободен приклучок за струја или лозинка за ви-фи мрежа сè почесто се „итни“ прашања на кои им се дава приоритет при исполнувањето на секојдневните обврски. Зависноста од прекумерна изложеност на технологија, интернет, игри, за што во дел од државите се формирани посебни центри за лекување, групи за поддршка, кај нас сè уште не се третира како болест. Но, факт е дека зависноста од технологијата е сè поприсутна, а неретко и самите родители од старт ги изложуваат децата на неа и тогаш кога тоа не е потребно. Сите овие процеси, додава, влијаат на развојот на општеството, во целина и на развојот на личноста, како поединец. Лекот за ваквата состојба е во умереноста. Треба да се практикува технологија, но во ограничено време. Да се биде умерен во сè.
Read 132 times