Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД

На денешен ден, 16-ти јули се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, па ТВ Нова 12 ви порачува да ги оставиме автомобилите и да практикуваме култура на возење велосипед. И тоа не само денес, туку секој ден! Возењето велосипед, покрај другите, ги има и овие предности Ви овозможува да поминете повеќе време со своето семејство. Возењето велосипед со децата или со партнерот ќе ја зајакне вашата врска, ќе ви овозможи дружење со најмилите, а најдобриот дел е што тоа нема да ве чини ништо. Здравствени придобивки од возење велосипед има многу. Велосипедот може да ви помогне да согорите 600 калории на час, а вашиот метаболизам ќе биде активен дури и неколку часа потоа. Ако сте велосипедист, тогаш сигурно знаете колку возењето го намалува стресот и колку релаксира. Споделено со семејството, тоа е win-win за сите. Возењето велосипед е добро за срцето. Дури и ако возите неколку пати неделно, може да го намали вашиот крвен притисок и да ве направи да се чувствувате енергично и расположено. Велосипедот ќе ги натера вашите деца да излезат надвор. Една неодамнешна статија покажа дека некои тинејџери се помалку активни и од нивните баби и дедовци. Како алтернатива за нивното некорисно седење дома, во вашите заеднички активности можете да го воведете возењето велосипед како здрава и забавна активност Возењето велосипед ѝм помага на децата да се фокусираат на училиште. Едно неодамнешно испитување од Норвешка открива дека учениците кои имаат физичка активност во природа подобро се концентрираат на училиште. Возењето велосипед е добро за планетата. Ако замените само 30% од вашите патувања со кола, пократки од 6 километри, со возење велосипед, можете да ги намалите СО2 емисиите од сообраќајот за 4%. Возењето велосипед со вашите деца ѝм покажува дека се грижите за животната средина. Тие ќе го следат вашиот пример.
Read 97 times