Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Реклами

ЗАПОЧНУВА „Д ФЕСТИВАЛОТ“ ВО ДОЈРАН

Со повеќе од 50 музички ѕвезди на шест музички бини и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните активности, перформанси и работилници кои ќе се одвиваат низ повеќе од 20 различни зони на Д ФЕСТИВАЛ, комплетирана е програмата за деветтото по ред и досега најголемо издание на Фестивалот. И тоа не е сѐ! Програмата на Д ФЕСТИВАЛ вклучува и бројни работилници, изложби, дебати и перформанси во ПлоштАрт, бесплатна дневна програма на Lake Awake бината, базар на уметнички дела и ракотворби, многу различни атрактивни фестивалски зони исполнети со забавни предизвици, наградни игри, чил-аут катчиња и три дена исполнети со креативност и уметност во единствената тридневна фестивалска авантура кај нас. Огромниот интерес за годинашниот Д ФЕСТИВАЛ најавува дека пред нас е и најуспешното издание на фестивалот досега! Сместувачките капацитети во Дојран се речиси целосно исполнети, а и за фестивалскиот камп се одбројуваат последните преостанати билети. За официјалното отворање на годинешниот Д Фестивал, во петок, 12-ти јули задолжени се извонредните музички ѕвезди кои ќе настапат на главната бина, а во таа листа се запишуваат: врвниот уметник на македонската електронска музичка сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ со live настап и придружуван од вокалистот Lion D и омилената на македонската публика TK WONDER, од светската сцена премиерно пред македонската публика доаѓаат OFENBACH – париското хит дуо кое ги покори топ листите ширум светот, потоа најпочитуваното име на македонскиот андерграунг хип-хоп СТРАЈК, како и најактуелниот хрватски музичар и автор на најслушаните хип-хоп песни во целиот регион, VOJKO V!
Read 189 times