Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

КУЌАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО КОЈА ЖИВЕЕЛ СТЕВАН ТАНОВ (ИЌ) – УЧИТЕЛОТ И ЕТНОГРАФОТ ОД БОГОРОДИЦА

Стеван Тановиќ( Танев) е роден во Богородица, а за време на владеењето на Турците на овие простори, бил учител во Гевгелија. Уште пред Балканските војни, на барање на Српската кралска академија, тој напишал две етнографски дела, и тоа „Народните обичаи во Гевгелиската каза„ и „Јадења и пијалоци во Гевгелиската каза„.После првата светска војна, по кажувањето на нашиот читател Димитар Митров, Стеван се доселува од Богородица во Гевгелија и живее во оваа куќа, која сеуште постои а се наоѓа на ул „Маршал Тито“, спроти поштата. Во предговорот на првата книга, Тановиќ на 15 август 1911 година ќе напише: Опишаните обичаи во книгата „Народни обичаи во Гевгелиската каза„ јас ги собирав во Богородица, Мачуково, Сеово, Стојаково, Богданци, Ѓавато, Мрзенци, Негорци, Петрово, Смоквица, Орејвица, Бајалци, Серменин, Шљопинца и Гевгелија. Населението на првите пет села и на Гевгелија во секој поглед го надминува населението од другите села во гевгелиската каза, бидејќи се бистри, паметни и многу снаодливи, особено Богородичаните. Се она што го напишав, го напишав онака како што селаните ми раскажуваа, без измени и дополнувања. Во собирањето на овие обичаи многу ми помогна мојата жена Софија, родена Петровиќ(Петрова), која се распрашуваше за оние обичаи кои жените не би им ги кажале на мажите. Во книгата на Стеван Таневиќ “Српски народни обичаи у Ѓевѓелиској кази” тој напишал текст под наслов “Обичаи на секојдневниот живот” Тоа е текст за адетот, обичајот при станувањето наутро, кој вели вака: “Штом луѓето ќе се измијат, ќе ја симнат капата, ќе се завртат кон исток или кон иконата, ќе се прекрстат трипати и ќе ги изговорат овие зборои: Госпуди Боже! Свита Трујца, да ни пумужиш! Свита недељо и Свита Бугуројцо, мајка Ристова, да ни дадете здраве и касмет и бирикјет. На душамјне бастрет да фатиш, р’ци да им се исушат, нози да им се фатат! И ка е арно така да биде! -Амин!”. Тоа е запис за нашите предци како го започнувале денот. Дејство кое се повторувало, секој ден на изгрејсонце. Еден вид на утрински обред и ритуал.
Read 597 times