Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ БОЈМИЈА

Нашево поднебје е исклучително богато со македонски народни носии од различни етнографски целини. Грижата за нивно зачувување и презентација е различна, но се чини најголем интерес за афирмација на народните носии покажуваат ансамблите, културно-уметничките друштва и фолклорните групи. „Ансамблот Бојмија“ поседува и се грижи за интересните носии од етничкиот предел Бојмија, кој ги опфаќа селата по течението на реката Вардар во околината на градовите Гевгелија и Валандово. Машка носија. Посебно е интересна обредната машка носија наречена русалиска. Русалии се мажи облечени во специјална народна носија кои изведуваат обредни игри со магиска содржина и тоа само во деновите од 6 до 15 јануари, наречени од народот „Некрстени дни“. ... Оваа носија со обредна намена се состои од платнена кошула и фустан – бело платнен, многу набрано здолниште, кое се носи преку белите клашнени ногавици – ѕиври. На горниот дел од телото се носи елек од пругасто – шарена волнена ткаенина, врз кој се носат украсни додатоци и декоративно орнаментирани крпи. Волнени црвени чорапи, со многу вплетени геометриски мотиви и опинци го оформуваат обувањето на нозете. Оваа декоративна носија е дополнета со дрвена сабја – алачка што играорецот русалија ја држи во рака, а при изведувањето на обредната игра замавнува со неа, со цел да ги растера и уништи лошите демони. Женска носија Прв облековен елемент во женската носија е кошулата. Над кошулата се облекува антерија. Антеријата е изработена од волнена ткаенина алаџа, со долги ракави, во горниот дел тесна, а од половината ѕвонесто проширена. Половината се опашува со појас. Над антеријата се облекува елече, допојасна облека без ракави. Скутините може да бидат во два вида, и тоа: дипла изработена од една дипла и дводиплена скутина позната како ирам. Една од највпечатливите скутини е крстаклијата дипла. На половината се ставаат ризи, везени марами, како и пафти со забележлива локална терминологија – пулои. Покривањето на главата е впечатливо во периодот на невестинството, прво се поставува фес, а над него тепелак, кој се кити со цвеќиња и пердуви.
Read 128 times