Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

БОРБЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ГЕВГЕЛИСКО ЗА ВРЕМЕ НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Првата чета што организирано дејствуувала во духот на Внатрешната македонска организација во Гевгелија, Дојранско и Ениџевардарско била формирана во октомври 1897 година со согласност на Аргир Манасиев и броела 10 до 12 души. Парични средства за делување на оваа чета биле собирани со прилози од членовите на четата, учителите и побогатите трговци и занаетчии, а подоцна се применувало и киднапирање на богати турци и странци. Така, во 1989 година четата на Манасиев, во која биле и Ванчо Карасулски и Апостол Петков, бил киднапиран еден богат турчин од село Мемешло, Дојранско, при што како откуп изнудиле 1800 турски лири. Пушките, востаниците ги купувале од одделни турци-контрабандисти и грци, преку Солун, но и преку Бугарија, а за прв пат динамит донел во гевгелиско Сава Михајлов со својата чета во февруари 1903 година. Пред кревањето на Илинденското востание, на почетокот на 1903 година, во Гевгелија и Гевгелиско претходеле неколку борбени активности. Двете чети, онаа на Манасиев и таа на Михајлов броеле околу 80 души.Во јуни месец овие две чети се судриле со 30 вооружени Турци од Горничет, а во близина на селото Конско, додека најголемата акција на Организацијата се случила на 28 јули 1903 година, кога со голема експлозија, бил срушен железничкиот мост помеѓу Гевгелија и Мрзенци.. Оваа акција имала одек и во некои земји од Европа, но и во Цариград. На 24 август 1903 година, четите на Аргир и Сава се обиделе да го кренат во воздух мостот и тунелот кај Демир Капија, но биле откриени и започнала голема крвава борба меѓу Турците и четниците, каде имало загинати и од двете страни. На 15 септември 1903 година четата на Михајлов и Манасиев се судрила со турскиот аскер кај месноста „Баш Бунар“ околу селото Ливада, каде загинале 20 четници. На 6 ноември 1903 година, Михајлов со десеттина души, поставиле експлозив на железничката пруга кај Смоквица од која имало голема материјална штета.
Read 322 times