Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

60 ГОДИНИ ОВОЈ МУРАЛ Е НАЈВПЕЧАТЛИВ БЕЛЕГ НА ГЕВГЕЛИЈА

Оваа година се навршуваат точно шеесет години од времето кога, во далечната 1959 година, на фасадата на зградата во центарот на Гевгелија, во која се наоѓаше Самопослугата на трговското претпријатие „Солун“ беше изработен сликарски мурал со кој, во еден соцреалистички манир се „рекламираа“ убавините на гевгелиско-валандовско-дојранското подрачје и изобилието на артикли кои се продаваа во ова претпријатие. Со текот на годините, овој мурал беше нагризуван од забот на времето, полека постоеше опасност од негово целосно пропаѓање, но во 2010 година, на предлог на Дом на култура беше извршено негово реставрирање. Оригиналот е изработен од двајца познати ликовни творци од ова поднебје, Борис Петров и неговиот колега Зафир Хаџи-Митров, додека реставрацијата ја правеа ученици на Борис Петров. Како што објаснува ликовниот уметник Миле Ничевски, оригинално, муралот е изведен во техника „Зграфито“, античка техника, каде секој слој на боја е посебно нанесуван, како слој на обоен малтер, а потоа е отстрануван за да се добие саканата боја. Оваа техника, вели Ничевски, се употребувала и при сликањето во египетските пирамиди.
Read 486 times