Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ГЕВГЕЛИЈА БИЛА ПОЗНАТА И ПО ПРОИЗВОДСТВО НА „ЖОЛТОТО ЗЛАТО“-ТУТУНОТ

Тутунот е една од ретките земјоделски култури којашто бара внимание во текот на целата година, токму затоа и толку вреди и е наречен уште и жолто злато. Гевгелија, а особено околината, била позната и по производство на тутун. Се до 1895 година не постоела никаква работилница за обработка на тутунот. Во таа година е подигната работилница за обработка на тутун- Рези. Таа била еден вид магацин за сортирање на тутунот. Тутунот ссо најлош квалитет не се употребувал, туку се горел во близина на градот. Во 1909 година започнала изградбата на шесткатната зграда со два магацина-склада, за обработка на тутун од страна на австроунгарската фирма за трговија со тутун „М. Херцог и компанија“, а пуштена е во погон во 1910 година. Таа била лоцирана во местото каде што сега се наоѓа паркот во близината на железничката станица, кај таканареченото Гарџово место . Во неа се складирал тутунот од целата Гевгелиско-Валандовска котлина, Кукушко, Радовишко и другите краеви на Македонија. Фабриката била во сопственост на еврејски трговци од Солун. Во неа работната рака била претежно женска, а вкупниот број на работници изнесувал 600, а работното време било 10 часа.Надниците биле ниски и како резултата на тоа доаѓало до повеќе расправии со трговците. Се смета дека тутуновата култура во овој крај е пренесена уште во 18 век. Тутунопроизводството нараснало по изградбата на железничката линија 1873, односно по изградбата на „рези“ за тутун во 1895 а особено по 1909 кога се изградила шесткатната зграда за тутунов склад. Инаку, Гевгелија со 48 села произведувала 468.000 килограми тутун. Инаку, во Македонија тутунот пристигнува подоцна од остатокот од светот, во 1873 година и станал центар на духовниот живот. Не толку како култура која што дава приноси по единица површина, затоа што тутунот важи за трудово интензивна култура, туку затоа што сепак огледувањето тутун носело големи финансиски приноси и се исплатувало. Дури и локалната, фолклорна архитектура била дефинирана според потребите за сушење на низите тутун. Живописните чардаци биле прилагодени за природно чување и сушење тутун. Македонија како географска целина е најдобра за производство на ориенталниот тутун. Многу познавачи на оваа област одамна пишувале на оваа тема. Начинот на живот, обичаите, традицијата, семејните вредностите, културата, во сето тоа се вткаени маката и радоста од тутунот. Вредноста на тутунот е присутна и денес, тој со сите свои предности и потешкотии е составен дел од животот на приближно 40 000 семејства. И денес покрај напредокот на технологијата и постоењето на апаратура за одгледување на тутун, сепак македонските фармери стануваат во 4 часот наутро да го берат тутунот додека е се уште ладно и летното сонце не се распослало на тутунските полиња. Се бери додека силата и топлото време дозволуваат, а потоа следи нижењето под некоја стреа во селскиот двор и се ниже на долги игли и во низа, цел ден, додека има тутун. И следниот ден и тој по него, цело лето. Голем број фармери денес имаат набавено рачни машини за нижење тутун, но не сите. Уште поголем е бројот на оние што тоа го прават рачно како и во изминатиот век и половина. Откако целиот тутун ќе биде набран и соголено полето, нанижаните низи се сушат. Природното, рамномерно сушење е важно за постигнување добра цена односно рангирање на тутунот во повисока класа. По сушењето доаѓа пакување, коешто денес од големите компании откупувачи на тутун е обликувано во соодветна форма и стандарди, што исто така придонесува за добрата цена и отстранува секаква можност за малверзации и манипулирање со тежината.
Read 205 times