Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

КОЈ Е ГЕРМАНСКИОТ ВОЈНИК ШТО ЈА СПАСИЛ ГЕВГЕЛИЈА ОД РАЗУРНУВАЊЕ

Извесен дел од од граѓаните на Гевгелија по заминувањето на Бугарите избегале по планинината, особено оние кои живееле во близина на железничката станица бидејќи при повлекувањето на околу 400.000 германски војници по железничката линија со своите борбени средства , опрема и наоружување од Грција, на север на станицата довлекле цистерни, натоварени со бензин и морски мини. Во тие денови станицата била митралирана од сојузничките авиони и биле запалени неколку цистерни со бензин. На тие моменти и ден денес со возбуда се сеќава Владо Наков. Тој, тогаш, како дете ги напасувал козите во чаирите, од другата страна на железничката пруга. Кога започнале да паѓаат првите бомби, Наков, целиот исплашен почнал да трча наоколу и успеал да се засолни во една куќа во близина на железничката станица, која и денес постои на улицата Слободан Митров Данко, во близина на Општата болница. Додека траело бомбардирањето на железничката станица од страна на сојузничките авиони, еден германски војник ги откачил вагоните со морските мини, од остатокот на железничката композиција и ги одвлечкал кон селото Мрзенци, зашто ако експлодирала само една од тие мини можеле да загинат голем број гевгеличани. При ова германскиот војник загинал. Прашањето кое ги измачува генерации гевгеличани е дали се знае воопшто кој бил тој војник, дали бил Германец, или како што некои постари гевгеличани тврдат дека бил Чех кој служел во германската војска. Некои пак тврдат дека во 60-те години, фамилијата на овој војник дошла во Гевгелија за да ги побара неговите посмртни останки, но никаде нема податок дали го нашле неговиот гроб и дали ги откриле неговите останки. Како и да е можеби треба да се направат обиди да се најдат податоци за тој војник, а ако во тоа не се успее, барем да му биде поставена една спомен плоча на железничката станица во Гевгелија, која сега се реновира, а како знак на благодарност за херојското дело што тој го сторил во деновите на крајот на Втората светска војна.
Read 591 times Last modified on Thursday, 18 July 2019 09:47