Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ВО ГЕВГЕЛИСКО ЗА КЛЕТВАТА И ЗАКЛ,НУВАЈНЕТО

Во книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази“ од Стефан Тановиќ, издадена во Београд во 1927 година има интересни обичаи и верувања карактеристични за гевгелиското подрачје. Овој пат ви пренесуваме што има напишано Тановиќ за клетвата и за закл,нувајнето Во народото верување спаѓа клетвата: уд татко, уд мајка, уд кум, уд стар чувек, стара жена, уд сирумах, уд сирак, уд болин чувек, уд поп итн. Од сите клетви најтешки се татковата и мајчината клетва, потоа кумовата клетва, која според народното верување секогаш се исполнува, и која дури и Бог ја одобрува и ја поткрепува. Се верува дека оној што родителите ќе го проколнат нема да помине добро. Уште повеќе веруваат ако него клетвата не го фати, таа ќе ги стигне неговите деца или внуците, или било кога и било каде од неговите најблиски, макар тоа било и уф дивето колено. Исто така тешка е и прафашке и кумовата клетва. Оној што кумот гол го држел на рацете при крштевањето, тој мора многу да внимава да не го навреди кумот, зашто ако кумот го праклне, „не можат ни три владици да му пуможат.“- Покрај тоа верување кршетеникот мора да го посети кумот на сите поголеми празници и да го моли да му прости, ако со нешто макар и не сакајќи го навредил. Заклетва. – Покрај клетвата во народот постои и закл’нувајне (заклетва). Закл’нувајнето обично се употребува кога се сака некој да ја каже вистината, кога сведочи или сам се заколнува за да го увери некого во тоа што тој го кажува или го предлага. Се употребува и меѓу жените кога некоја не сака да каже нешто што чула или видела, па другата ќе ја закл’не да ја каже вистината, или кога некоја жена ќе присуствува на некој разговор или озборување па тие две во неа како трета немаат доверба, дека ќе го чува во тајност тоа што го чула тогаш тие ја закл’нуват со зборовите: Жити деца. – Жити младост. – Туку ти две очи. – Жити едно чедо, итн. Кога некоја жена ќе сака да ја увери другата дека тоа не е од неа разгласено или дека таа не е причина за некоја кавга, разнесување на зборови итн. таа се заколнува: „На младоста си да се не наситум!“ ако ова или она сум го рекла. – Едно дете имам, живо дома да не гу најдум ако…!“ Или: „Нидеља да не прачекум, ако сум рекла.“ Или: „Три деца имам сите да ми испукат уф един гроб да и закопам, ако сум кажала“, итн. Но треба да се знае дека заклетвата не се употребува без некоја поголема причина. Мора да е сериозна работата, па така да се заколне било човек или жена. Кога пак некој криво се закл’нуве, народот верува дека било кога ќе го снајде нејкоја несреќа. Обично на таквиот човек никој ништо не му доверува, не позајмува, не го вика за сведок, не сака да сведочи во негова корист дури, дури и да е сосема прав во тој случај. Па да не го презираат само него туку истото тоа неверување и истата омраза, кои ги чувствуваат кон него, ја пренесуваат и на неговите домашни. Само кога ќе се поделат, и ако неговите помали браќа се покажат поинакви, соседите го менуваат мислењето за нив. За таквиот човек велат дека е и од Господа бележан, но не може веднаш да се согледа, дека не е добро, додека човекот не искуси.
Read 624 times