Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ПАМЕТНИК НА НЕПОКОРНИТЕ

Кога ќе поминувате по патот покрај некогашната Касарна, на излезот од градот во правец на село Моин, на неколку стотини метри покрај патот ќе забележите мала борова шумичка. Ако се приближите поблиску, ќе успеете под сенката на боровите да забележите еден споменик, кој потсетува на еден трагичен настан од Втората светска војна. Имено, во текот на 1943 селото Негорци имаше воспоставено многу врски со партизаните кои ги снабдуваше со храна, облека, и друг материјал. По првиот напад на подучастокот во село Конско, на 15 декември 1943 година, пристигнала нова бугарска вооружена единица и при тоа беа изорени девет куќи во кои престојувале партизани. Селото беше целосно изгорено по вториот напад на подучастокот, голем број од селаните биле затворени во училишната зграда а другите биле протерани по околните села и во градот Гевгелија. На 23/24 декември 1943 година, како и на 3/4 јануари 1944 година, во близина на Касарната крај Гевгелија, ѕверски се мачени и стрелани- Димитар Шаренков, Илија Маџаров, Јордана Ѓеоргиева од Конско и Борис Карпузов, Ристо Шуклев, Ристо Бојмалиев и Ѓорги Велков од Негорци. Во текот на спроведувањето до одреденото место за стрелање, Димитар Смилков(Шаламанов) успеал да се ослободи од жицата со која сите од групата биле заврзани при што успеал да избега тој и уште тројца, Јован Коларов, Митре Ников и Крсте Сите други, во местото викано „Мала река“ во близина на југословенско-грчката граница биле убиени на најѕверски начин, раскажувала по војната Анета Бојмалиева, снаа на Ристо Бојмалиев. Главите им биле искршени со стапови и закопани речиси полумртви. Додека кај нив не настапила смртта, тие копале, гребеле под земја. Нивниот корен е од оваа земја, од овој народ. Затоа се и незаборавни.
Read 313 times