Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ДЕНЕС НАПРАВЕТЕ МЛЕЧНИК ЗА ДА БИДЕТЕ БЛАГИ ЦЕЛА ГОДИНА

Во Гевгелиско, домаќинките за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото. Еве еден рецепт за подготовка на овој благ специјалитет од овие краишта. 600 г брашно, 1 литар млеко, 10 јајца, маст, сол Замесете го брашното со сол и со вода како за секоја пита. Измесете го добро и од тестото откинете 3 кравајчиња со големина како јајце. Исучете потенки кори и секоја кора испечете ја од двете страни на плотна. Ставете ги во салфета. Остатокот од тестото поделете го на два дела. Секој дел поделете го на 5-6 кравајчиња, посукајте ги малку, секое кравајче намачкајте го со маст и ставете ги едно преку друго и расукајте ги во кора во големина на плехот во кој ќе се пече млечникот. Ставете ја кората во подмачкан плех, издробете ги печените кори, залејте ги со изматени јајца со млеко и сол по желба, а одозгора ставете ја другата кора со која сте постапиле исто како со првата. Завиткајте ги краевите. Одозгора ставете растопена маст и ставете ја во рерна да се пече.
Read 62 times