Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ЈОСИП БРОЗ ТИТО БИЛ ПРИТВОРЕН ВО ГЕВГЕЛИЈА

Сигурно до сега стотици пати сте поминувале покрај оваа куќа која ја гледате на нашата слика, но малкумина претпоставуваат дека токму во неа бил притворен доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Имено, по објавата на нашиот портал за 25 мај, Денот на младоста, во која забележавме дека некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, пет пати ја има посетено Гевгелија, ни се јави нашиот сограѓанин Димитар Митров и ни даде појаснување кога за прв пат Јосип Броз бил во Гевгелија. Точно е, вели тој што хроничарите забележале дека Јосип Броз Тито прв пат дошол во Гевгелија уште пред Втората светска војна, но тоа не се случило во 1940 година, туку во 1938 година. Тогаш на пат за Југославија од СССР, односно Турција и Грција, тој легално ја преминал југословенско-грчката граница, под псевдонимот Гонзалез и при тоа бил притворен од страна на српската жандармерија каде останал 48 часа. Зградата на жандармеријата уште постои и се наоѓа во близина на градскиот парк, непосредно до поранешната кафеана „Виолета парк“. Еве убава можност, од страна на општина Гевгелија, односно од одделението за туризам, да се покрене иницијатива за ставање на една плоча на овааа зграда со забелешка дека тука бил притворен Јосип Броз Тито. Со тоа, верувам дека многу од туристите кои ќе ја посетуваат Гевгелија, ќе сакаат да видат каде бил притворен некогашниот водач на СФРЈ.
Read 935 times Last modified on Saturday, 01 June 2019 11:45