Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

АЛЕК ЈОНЧЕВСКИ : КК „КОЖУФ“ ЌЕ ФОРСИРА ДОМАШНИ ИГРАЧИ, НЕМА ДА СЕ „ПЛАШИ“ ПРЕД ФАВОРИТИТЕ И НЕМА ДА ПОТЦЕНУВА НИКОГО

Кошаркарската сезона во Македонија ќе стартува овој викенд на 12 октомври, а во Првата лига ќе учествуваат 10 екипи. Акцент ќе биде ставен на квалитетот пред квантитетот во мак-баскетот. Во првото коло, во Гевгелија, во салата „26 Април“, во сабота од 18 часот, во првиот натпревар од новата сезона гостува екипата на Мзт Скопје!! Дерби во првото коло од новата сезона!! По тој повод ТВ Нова 12 го праша стратегот на гевгеличани, Алек Јончевски, како е задоволен од подготовките и што очекува од новата прволигашка сезона? „Подготовките ги почнавме најдоцна од сите други екипи, меѓутоа сметав дека 6/7 недели пред почеток на првенството се сосема доволни за екипата да се подготви. Во постојана корелација со Џакомо Брајда италијанскиот тренер за физичка подготовка кој работи во Торино ги поминавме базичните 3 недели од тренинзи. Што се однесува за пријателските натпревари одигравме помал број бидејќи имавме проблем да најдеме екипа која би сакала да дојде во Гевгелија, па така освен ФМП гостувањата што ги направивме со Фени Гостивар и Лариса не ни беа возвратено на домашен терен. Ростерот оваа година е драстично променет од минатата сезона така да единствените двајца играчи од лани се Петров и Шутаров а од екипата на Блокотехна Лазаревски, Колев и Лефкоски. Знаете дека се правеа планови за фузија на двата клуба меѓутоа тоа не се случи па со оглед на тоа дека цело лето бевме пасивни на пазарот и во исчекување , сепак сум задоволен дека успеавме да доведеме дури 4 репрезентативни имиња во искусните Трајковски и Караџовски и помладите Стајич и Пајич. Според можностите странските засилувања мораше да бидат млади момци кои допрва шансата за докажување ќе ја бараат тука и мислам дека направивме добар избор. Минатата година завршивме на 5тата позиција и реално е оваа година да се надеваме на подобар пласман , но секако не се залетуваме и ќе одиме натпревар по натпревар. Нема да се откажуваме пред фаворитите а нема ни да потценуваме никого. Ќе се обидеме да ја вратиме публиката во што поголем број во сала и да им приредиме одлични натпревари каде публиката би уживала а клубот заедно да расте. Да привлече што повеќе нови деца кои би се занимавале со овој спорт. Како најава една една интересна сезона уште на почетокот повторената ждребка сакаше да се сретнеме со Шампионот на МКД кои во финалето со 3-0 го збриша Работнички. Секако дека МЗТ е тука фаворит, меѓутоа ние имаме повеќе време да се подготвиме за нив и верувам дека стартот на сезоната 2019/20 за КК Кожув ќе биде успешен. Ги повикуваме Фантоми да бидат дел од нас , сите љубители на спортот исто така би биле од огромна помош, а ние ќе дадеме максимум да не заминат разочарани по натпреварот.“
Read 927 times