Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ФК „КОЖУФ“ ИМ ОДРЖА ЧАС ПО ФУДБАЛ НА ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“

Фудбалерите на Кожуф во рамките на 7-то коло на Втората македонска фудбалска лига-Исток, во Кочани му одржа вистинска лекција по фудбал на домаќинот Осогово, победувајќи го со 0-4.Преку целиот натпревар Кожуф доминираше. на теренот па резултатот можеше да биде и поголем. Стрелци за Кожуф беа Џинов, Костадинов, Тодоров и Зајков. Кога една домашна екипа ќе го упати единствениот директен удар кон противничкиот гол во 92’ (Паунов) тогаш се е кажано. На крајот од натпреварот објективната кочанска публика со аплаузи ги испрати гостинските играчи во соблекувалната, наспроти домашните кои заслужено добија свирежи од трибините.И по ова коло, фудбалерите на Кожуф остануваат на третото место на табелата без пораз, а во наредното, осмо коло во Гевгелија гостува екипата на Питу Гули од Крушево
Read 197 times