Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ФК „КОЖУФ“ И ПО ШЕСТОТО КОЛО БЕЗ ПОРАЗ И ВО ВРВОТ НА ВТОРОЛИГАШКАТА ТАБЕЛА

Вчера се одиграа натпреварите од 6 коло од Втората македонска фудбалска лига- Исток. Гевгелискиот второлигаш, како и што се претпоставуваше, на домашен терен убедливо ја совладаа екипата на Плачковица од Радовиш со 3-0, по што и натаму се во врвот на табелата, поточно на третото место, со освоени 14 бодови и без претрпен пораз. Костадинов, Терзиев и Танов беа стрелци на головите за гевгеличани. Во наредното, седмо коло, фудбалерите на тренерот Беќаров и гостуваат на екипата на Осогово, која е на претпоследното место на второлигашката табела, што е уште една убава шанса со евентуална победа, уште повеќе да се зацврстат меѓу првите три екипи во Втората лига-Исток.
Read 558 times